ВИДЕО: Плач и многу болка при самоповредата на Зума на „Стемфорд бриџ“

На бизарен начин младиот француски интернационалец од Челзи, Курт Зума се повреди во 54. минута од дербито на „Стемфорд бриџ“ против Манчестер Јунајтед. 

Централниот дефанзивец отиде на една висока топка и без никого покрај него, многу лошо ја заби ногата во тревникот, па со болна гримаса, плач и лелекања со минути се превиткуваше на тревникот. 

Загрижените фудбалери на двете екипи му даваа подршка, а навивачите ракоплескаа, но првите симптоми се дека страдаа лигаментите на коленото и можеби Зума го чека подолга пауза. На негово место во 59. минута во игра влезе Кејхил.