ВИДЕО: Нервозниот Виктор Валдес се фати за гуша со напаѓач на Андерлехт

Виктор Валдес

На натпреварот помеѓу Стандард и Андерлехт во белгискиот шампионат, голманот на домаќините Виктор Валдес направи инцидент, фаќајќи го за гуша напаѓачот на гостите, Кара Мбоџи.

Оваа ситуација мораше да биде прекината од страна на судијата, кој им додели жолти картони на двајцата фудбалери. 

Сѐ поголема е нервозата кај шпанскиот голман, кој откако ја напушти Барселона, прво не се наметна во Манчестер Јунајтед, па сега мора да се задоволи со место во белгиската фудбалска лига, што по сѐ изгледа не сака да го прифати.