ВИДЕО: Мускрон и Јаневски се поблиску до дното, поразени и од Стандард

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски, влегува во резултатска криза со тимот на Мускрон, во најсилната фудбалска лига на Белгија. Овој пат Мускрон претрпе пораз на гостувањето кај екипата на Стандард Лиеж со 3-0 (1-0). 

Домаќините уште на самиот старт ја потврдија улогата на фаворит. По неколкуте промашување во 39. минута преку Бени Бадибанга стигнаа до водство од 1-0. Матју Досеви во 66. минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави хрватскиот интернационалец Иван Сантини во 81. минута од натпреварот.

Јаневски го претрпе десетиот пораз оваа сезона со тимот на Мускрон, а трет по ред. Следниот натпревар екипата на Мускрон ќе го игра на 16. јануари, кога му гостува на второпласираниот Бриж.