ВИДЕО: Костовски, двоен стрелец во белгиското дерби на дното

Фудбалерот на Леувен Јован Костовски на натпреварот со Вестерло

Потенцијалниот репрезентативец, Јован Костовски беше двоен стрелец за белгискиот Леувен во победата од 5-1 над Вестерло, во дуелот на двете последнопласирани екипи во најсилниот белгиски шампионат.

Скопјанецот го отвори резултатот во 9. минута, а потоа зголеми на 2-0 во 24. минута. Тој беше заменет во 62. минута, кога победникот веќе беше решен, бидејќи неговиот Леувен веќе водеше со 4-0.

Со оваа победа, тимот на Костовски ја прекина серијата од шест порази, но се уште се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 15 бода од 18 меча. Бившиот напаѓач на Вардар досега настапи на седум меча и има вкупно три постигнати гола.