ВИДЕО: Игуаин и Наполи цврсто стојат на врвот

Каљехон и Игуаин во дресот на Наполи

Наполи се зацрсти на врвот по првото пролетно коло во италијанската Серија А. По поразот во првото коло во Реџо Емилија од Сасуоло, Наполи успеа да го возврати ударот и да го совлада Сасуоло на тренерот Ди Франческо со 3-1 (2-1). 

Гостите, кои настапија без Доменико Берарди, поведоа со голот на Фанчинели од пенал во 3. минута. Реакцијата на „небеско сините“ на Маурицио Сари дојде од 19. до 42. минута. Каљехон, по акцијата на Лоренцо Инсиње, израмни на неполна половина од првиот дел. Кога на Наполи најмногу му требаше, гол падна во финишот, откако Хамшик додаде до Гонзало Игуаин, а првиот стрелец во лигата реализираше за финална победа. 

Во вториот дел, Наполи имаше многу шанси, а во финишот и трепереше за победата. Сепак, во судиското надополнување пак, Игуаин погоди за потврдување на победата. Во пресрет на осум натпревари од 19. коло, кои се играат утре, Наполи има четири бода повеќе од второпласираниот Интер.