ВИДЕО: Голот на Попов и дебито на Нимани - Вардар тргна како „брз воз“ во Анталија

Ако по утрото денот се познава, Вардар ќе има бериќетна 2016 година. Првиот контролен натпревар на подготовките од три недели во Турција, фудбалерите на Гоце Седлоски го добија против Волфсбергер од Австрија со 3-2 (1-1).

Многу позитивни вибрации во вардаровиот тим донесе пријатното турско попладне. „Бомбата“ на Попов, која не ја брани ниту еден голман, дебито на бившата звезда на Монако Нимани, „диригентската палка“ на Фелипе и првиот гол на Ќеран. За почеток, ќе се согласите, не е лошо.

Сето тоа нуди една нова слика и димензија на новиот Вардар на Гоце Седлоски.