ВИДЕО: Диего Коста во финишот ја украде победата на „црвените ѓаволи“

Очекувано добивме натпревар со малку голови и тактичко надмудрување на Хидинг и Ван Гал во дуелот на Челзи и Манчестер Јунајтед на „Стемфорд бриџ“. Дуелот на овие два англиски гиганти заврши нерешено, 1-1 (0-0).  

Цврст почеток, со многу надигрување и тактика. Неефикасноста на двете екипи уште еднаш се покажа на дело. Марсијал беше најблиску до постигнување на гол во 18. минута, кога по прекрасниот удар на Французинот, следеше уште поубава интервенција на Тибо Куртоа. Неколку шанси на двете страни, но резултатот по првите 45 минути остана непроменет. 

Интерсен е фактот што ова е прв пат во историјата на Премиер лигата, Челзи и Манчестер Јунајтед да играат меѓусебно, а по 24 натпревари да на се во топ 4 екипи на табелата. 

Во второто полувреме, Хазард го замени Оскар и се очекуваше дека токму Челзи ќе тргне по трите бода. Но, се случи сосема спротивното, кога Лингард погоди за 0-1 и го замолкна цел „Стемфорд Бриџ“.

Продолжението на натпреварот му припадна на фомашните фудбалери. Ивановиќ се закани, со прекрасен удар од само 7-8 метри, но Де Геа беше на висината на задачата. 

Натпреварот беше оцрнет од повредата на Зума, кој заработи страшна повреда, по акробатската интервенција. 

Нападите на „сините“ не застанаа во последните 15 минути од натпреварот. Тоа резултираше со инфаркт завршница и гол во 90. минута на Диего Коста за конечни 1-1.

Во наредното коло, Манчестер јунајтед му гостува на Сандерленд, а Челзи повторно игра на домашен терен, против екипата на Њукасл Јунајтед