ВИДЕО: Брага го оддалечи Порто и Касиљас од битка за титулата

Во последниот неделен натпревар од 25. коло на португалскиот шампионат, фудбалерите на Брага го совладаа Порто со 3-1 (0-0).

Во првиот дел се играше отворен и изедначен фудбал, но фалеа головите. Во продолжение домаќините поведоа со 1-0 со голот на Хасан во 71. минута, а гостите израмнија преку Переира во 86. минута. И кога сите мислеа дека бодовите ќе се поделат на сцена стапи Рафа Силва, кој постигна гол во 89. минута. Конечните 3-1 ги постави Алан во 94. минута, а претходно во 91. минута беше исклучен гостинскиот фудбалер Мартинс Инди. Португалската јавност сериозно го критикува Икер Касиљас, кој повторно со лоша интервенција му кумуваше на поразот на својот тим. 

Во наредното коло Порто на домашен терен игра против Мадеира и ќе бара бодови за опстанок во борбата за титулата. Брага гостува во Белененсес.