ВИДЕО: Брага го елиминира Сион за осминафинале во Лига Европа

Брага

Екипата на Брага е првиот осминафиналист на Лигата на Европа, откако одигра 2-2 на домашен терен и со вкупни 4-3 ја елиминира екипата на Сион.

Иако, на два пати гостите водеа, со головите на грчкиот фудбалер, Гекас, Сион не успеа да издржи до крај и да стигне барем до продолжение. Никола Стоиљковиќ го постигна израмнувачкиот гол во 48. минута, кој ја однесе португалската екипа во следната фаза. 

Останатите 15 натпревари се играат утре во терминот од 19.00, односно 21.05 часот.