ВИДЕО: Базур со најбрзиот погодок во историјата на „Амстердам Арена“

Ришадли Базур, на вчерашниот меч на неговиот Ајакс против Витесе, го постигна најбрзиот гол во историјата за тимот од „Амстердам Арена“, кога се во прашање натпреварите на домашен терен. Имено, 19-годишниот холандски фудбалер голот го постигна во 26. секунда и засекогаш се запиша во историјата на славниот Ајакс. 

Сепак, вчерашниот гол кој беше и решавачки на мечот за победа на домаќините, не е и најбрзиот гол во историјата на шампионатот на Холандија. Рекордот за најбрз гол го држи Арон Махерс од Ден Хаг, кој оваа сезона постигна гол во осмата секунда, а на второ место е Никос Махлас од Ајакс, кој во далечната 2001 година на гостувањето кај Гронинген постигна погодок по само 17 секунди.