Видал ја обнови повредата, ќе мора на операција

Германскиот шампион Баерн Минхен за првиот полуфинален меч со Реал Мадрид дефинитивно нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите фудбалери, Артуро Видал. 

Искусниот играч за врска ја обнови повредата на коленото и беше приморан предвреме да го заврши вчерашниот тренинг на екипата, а како што денес откриваат германските медиуми, неговата повреда е сериозна и ќе мора да се санира со операција.

Токму заради оваа повреда на коленото Видал не ги одигра последните два меча на Баварците, против Севиља во Лигата на шампионите и Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата. 

Првиот полуфинален натпревар меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе се одигра на 25 април на „Алијанс Арена“, додека реваншот во Мадрид е закажан за по една седмица.