• Саше Љолес

Артуро Видал беше прилично директен во своите изјави околу мечевите од првото коло во Лигата на шампионите. Чилеанецот остро ги коментираше случувањата на неколку натпревари, а особено жесток беше кон италијанскиот Милан.
„Оние идиоти од Милан ме разочараа. Имаат среќа затоа што знаат да трчаат, инаку не би постоеле. Не го разбирам Њукасл, завршија четврти во Премиер лигата, мораа да победат. Тоа беше едноставно одвратно. За мене ова беше најлошиот меч во историјата на Лигата на шампионите.
Легендарниот фудбалер го критикуваше и Њукасл за летаргичната игра и смета дека „страчките“ морале да нападнат со сите сили, затоа што влогот е претолем во овие натпревари. Артуро Видал е легенда на европскиот фудбал и настапуваше за многу гиганти како Јувентус, Интер, Баерн Минхен и Барселона.