Видал: Барса е далеку понапред во однос на Баерн Минхен!

Вчера еден од најдобрите играчи за врска Артуро Видал и официјално беше претставен за нов фудбалер на Барселона

По авантурите во Серија А и Бундеслигата, чилеанскиот ас се одлучи за предизвик во Примера, а за својот нов клуб истакна дека е далеку понапред во однос на Баерн Минхен, за кого настапуваше во последните три сезони. 

„Преминот во Барселона значи голем чекор напред во однос на Баерн Минхен. Барса е најголемиот клуб на светот и го има најдобриот тим на планетата. Се надевам дека ќе успеам да напредувам тука и да им помогнам на моите соиграчи да освоиме што повеќе титули. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на раководството. Потпишав на три години, така што сакам да освојам три шампионски титули“, вели Видал. 

Чилеанецот со каталонскиот гигант потпишаа соработка на три години, а германскиот шампион од овој трансфер ќе инкасира 20 милиони евра.