Вицешампионот очекува голема поддршка, Вардар - Пјуник за само 100 денари

Македонскиот вицешампио Вардар од понеделник ја стартува продажбата на билети за реванш натпреварот од Лигата на Европа против Пјуник. Билетите во понеделник и во вторник (16 и 17 јули) ќе се продаваат само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, а во среда и четврток (18 и 19 јули) ќе може да се купат само на билетарницата на „Филип Втори“ на источната трибина (спроти влезот на фудбалската Академија на ФК Вардар).

Билетарниците сите четири дена ќе работат од 10.00 до 18.00 часот. Опција за билети е и он-лајн продажбата на www.ticketplus.mk. Цената на влезница ќе чини 100 денари за сите трибини. 

З натпреварот ќе бидат отворени северната, јужната и западната трибина, односно нема да биде во употреба само источната трибина. Секое купување на билет ќе се врши со документ за лична идентификација. 

Натпреварот Вардар - Пјуник се игра в четврток со почеток во 19.00 часот.