Ветувањето исполнето: Ја истетовира цела репрезентација поради пласманот на ЕП! (ФОТО)

Македонскиот пејач и „ди-џеј“ Владимир Блажев - Панчо го исполни ветувањето и направи тетоважа во чест на историскиот успех на фудбалерите и пласманот на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година.

Пред извесен период тој кажа дека ако Македонија се пласира на ЕП, ќе направи тетоважа во чест на фудбалерите, а сега тоа го исполни. Македонското знаме заедно со логото на ЕП 2021 и имињата на играчите и селекторот.

На тетоважата на Панчо се најдоа сите имиња кои беа на последниот список на Игор Ангеловски и кои учествуваа во историската победа во Тбилиси (0-1), заработена со голот на Горан Пандев.