• Саше Љолес
Некогаш еден од најдобрите дефанзивци во светот, Жером Боатенг, повеќе не е фудбалер на австрискиот клуб ЛАСК. Клубот и искусниот Германец спогодбено го раскинаа договорот, иако истиот важеше до 2026 година.
Поранешниот германски репрезентативец и светски првак одамна не е во својата најдобра форма, а проблемите со повреди дополнително влијаеја на неговата кариера. За време на престојот во ЛАСК одигра 14 натпревари.
Спортскиот директор на клубот, Дино Буриќ, му се заблагодари за неговиот придонес:
„Жером беше вистински професионалец за време на целото време поминато кај нас. Со своето искуство многу ни помогна, особено на помладите играчи кои ги мотивираше и поддржуваше. Му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера.“
Боатенг ја започна кариерата во тимот на Херта Берлин, а потоа настапуваше за Хамбургер, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Лион и италијанската Салернитана.
ФОТО/PHOTO: LASK/Twitter/X
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



