• Саше Љолес
Бразилецот Тиаго Силва официјално заминува од редовите на Челзи на крајот од сезоната и се врати во родната земја, каде повторно ќе настапува за екипата на Флуминенсе.
39-годишниот ветеран ја затвора својата успешна европска етапа и се враќа во клубот каде настапуваше во периодот помеѓу 2007 и 2009 година. Стоперот последните четири години ги мина кај лондонските „сини“ и одигра 110 натпревари во Премиер лигата, а претходно ги бранеше боите на Милан, ПСЖ, Динамо Москва и Хувентуде.
За бразилската репрезентација настапи вкупно 113 пати и неколку години беше капитен на „кариоките“. Тиаго Силва има еден трофеј во Лигата на шампионите, а вкупно во кариерата освои повеќе од триесет титули во различни конкуренции.