Ветеранот потпиша нов договор и брка апсолутен рекорд во ПЛ

Искусниот фудбалер на Брајтон, Џејмс Милнер, го продолжи договорот со клубот за уште една сезона, објавија „галебите“. Ветеранот ќе наполни 40 години во јануари, а во Брајтон пристигна во 2023 година.

Досега има 24 настапи во дресот на клубот, но минатата сезона беше ограничен на само четири поради повреда. Милнер ја започна кариерата во Лидс, а потоа настапуваше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул.

Во својата богата кариера има 638 настапи во Премиер лигата, a само легендарниот Герeт Бери има повеќе (653). Доколку го послужи здравјето, Милнер во следната сезона ќе го достигне и надмине рекордот.

ФОТО/PHOTO: Brighton & Hove Albion/Twitter