ВИДЕО: Ветеранот Педро втор меч по ред е џокерот на Лацио

Екипата на Лацио продолжи да игра во добра форма во Серија А и со победа над Емполи (2-1) на домашен терен останува меѓу најдобрите по седум одиграни кола во калчото.

Небесно-сините се намачија, но успеаја да го освојат целосниот плен на „Олимпико“. Емполи поведе прв уште во 9. минута преку Еспозито, а домашните се вратија пред паузата кога Закањи израмни на 1-1. На стартот на вториот дел Лацио не реализира пенал преку Кастеланос, но тоа го исправи џокерот Педро кој влезе од клупа и донесе три бода.

  • Лацио - Емполи 2-1:

Во вториот дуел, Болоња и Парма одиграа празно реми на „Ренато Дал'Ара“ (0-0). Иако гостите играа скоро цело полувреме со играч помалку затоа што црвен картон заработи Кулибали во 53. минута, домашните не успеаја да го најдат патот до мрежата.

  • Болоња - Парма 0-0:

Лацио со победата се искачи на четвртото место во Серија А, а Емполи е деветти. Болоња, пак, е далеку од ланските изданија, има пет ремија по седум кола и е дванаесетта, додека Парма се наоѓа на 15. место.

Состави

Marco Baroni

4-2-3-1

    Роберто Д’Аверса

    3-5-2