ВИДЕО: Ветеранот Флокари му даде гол од „соблекувална“ на заспаниот Донарума

Немоќта на Милан на гостувањето кај СПАЛ во Ферара најдобро ја претставува вториот гол на домашната екипа. Во финишот на првиот дел, 38-годишниот ветеран забележа дека Донарума го напушти голот и со прецизен удар од преку 30 метри ја погоди мрежата (2-0).

  • Спектакуларниот гол на Сандро Флокари против Милан: 

За време на викендот екипата на Пиоли гостува кај второпласираната екипа во лигата, римски Лацио.