• Иван Димовски
Фудбалерите на Вест Хем убедливо славеа против Вулверхемптон со 4-0 во 32. коло од Премиер лигата. Тимот предводен од Нуно Еспирито Санто одигра одличен натпревар и со оваа победа барем привремено избега од опасната зона.
- Извештај од натпреварот:
Иако „волците“ добро парираа во Лондон, не успеаја да издржат предолго. Отпорот на гостите беше скршен во 42. минута кога Константинос Мавропанос погоди по центаршут на Џерод Боуен.
Во второто полувреме блесна Тати Кастељанос со два гола во 66. и 68. минута, со што практично го реши прашањето за победникот. Конечните 4-0 ги постави Мавропанос со својот втор гол во 83. минута.
По оваа победа, Вест Хем е над зоната за испаѓање со 32 бода и го турна Тотенхем на 18. позиција, додека Вулверхемптон останува на последното место со 17.






