Вест Хем потврди: Тројца заминуваат, меѓу нив и поранешно најскапо засилување 

Раководството на Вест Хем Јунајтед со официјално соопштение до јавноста потврди дека тројца првотимци ќе ги напуштат редовите на „чеканите“, меѓу нив е поранешното најскапо засилување. 

Се работи за шпанскиот голман Адријан, Енди Керол и Самир Насри. Тројцата искусни фудбалери не добиле понуда за продолжување на договорите, па така како слободни агенти ќе можат да потпишат за нов клуб. Адријан по шест години заминува од Лондон, во тимот се приклучи во 2013 година и настапи на 130 натпревари, но во последните сезони го загуби првотимскиот статус кој му припадна на Фабиански. 

Керол, исто така во редовите на Вест Хем пристигна во 2013 година како најскапо засилување дотогаш (17 милиони евра), но поради честите повреди веќе две сезони беше повеќе на трибини отколку на терен. 

Поранешната ѕвезда на Арсенал и Сити, Насри, имаше шанса да ја „оживее“ својата кариера, но не го искористи тоа и по шест месеци заминува од клубот.