ВИДЕО: Вест Хем посрамотен на „Селхрст Парк“, херојски пресврт на Астон Вила со Борнмут

Фудбалерите на Кристал Палас го одиграа најдоброто полувреме во сезоната и по херојската победа над Ливерпул во претходното коло, впишаа нови значајни три бода на своето конто. Во рамки од 34. Коло во Премиер лигата момците на Глеснер блеснаа пред својата публика и со 5-2 (4-1) го совладаа составот на Вест Хем. 

  • Кристал Палас - Вест Хем 5-2:

 „Чеканите“ уморни и разочарани од елиминацијата од Баер Леверкузен во четвртфиналето во Лигата на Европа, катастрофално го започнаа денешното соочување со градскиот ривал и по само 20 минути игра имаа негатива од три гола.

Резултатот го отвори Олисе, фудбалер кој најверојатно ја игра последната сезона за Палас, бидејќи за него постои голем интерес од неколку гиганти, а девет минути подоцна на 0-2 зголеми Езе. Агонијата на гостите ја продолжи Емерсон со автогол за 0-3, а по половина час игра на 0-4 зголеми Матета. Во самиот финиш од полувремето Антонио намали на 1-4. Во вториот дел Матета одново ја израдува домашната публика, додека конечните 5-2 ги постави Мичел со автогол во самиот финиш. 

  • Астон Вила - Борнмут 3-1:

Возбудливо беше и во Бирмингем, каде Астон Вила по пресврт славеше над Борнмут со 3-1. Тимот кој што имаше исцрпувачки четврток и пласман по изведувањето на пеналите во полуфиналето од КЛ, успеа да се издигне по голот на Соланке и со головите на Роџерс, Диаби и Бејли впиша многу значајни три бода во трката за Лигата на шампионите. 

Состави

Оливер Гласнер

3-4-2-1

    Јулен Лопетеги

    4-2-3-1