Вест Хем не може да си го дозволи, Лингард добива нов договор на „Олд Трафорд“

Џеси

Џеси Лингард одигра одлична полусезона на позајмица во Вест Хем. Напаѓачот беше еден од клучните играчи на лондонскиот клуб, кој сепак не може да се договори со Манчестер Јунајтед околу неговото целосно откупување.

Сега се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ ќе му понудат нов тригодишен договор. Со истиот 28-годишникот ќе заработува 130.000 фунти неделно.

Англискиот фудбалер има уште една година од тековниот договор со Јунајтед. Во наредниот месец ќе одлучува за својата иднина, иако истата зависи од клубот на Оле Гунар Солскјер.

За шест месеци Лингард постигна девет гола и подели пет асистенции. Тоа беше доволно за Дејвид Мојс и управата да размислуваат да го задржат во Лондон.

За негова жал англискиот селектор Герет Саутгејт не го зеде со репрезентацијата на Европското првенство и покрај одличната форма оваа година.