Вест Хем „намириса крв“ по поразот на Манчестер Јунајтед во ЛШ

Бајката кратко траеше. Пристигна Кристијано Роналдо, дебитира со два гола против Њукасл во победата од 4-1, а навивачите веќе почнаа да сонуваат шампионска титула во Премиер лигата, можеби и завршница во Лигата на шампионите. Викендот пројде, вторник дојде, а Јунајтед доживеа цунами за пресек на еуфоријата. Наместо со уште еден убедлив триумф да направи увертира за незгодното гостување кај Вест Хем, великанот од „Олд Трафорд“ е понижен на европската премиера.

Сите квоти во MOZZART од натпреварот Вест Хем - Манчестер Јунајтед

Го сопна Јанг Бојс, ривал кој сите прерано го отпишаа. Фаворитот газеше бос по трња и одолеваше на рафален притисок, но не додржа. На крајот му пресуди Жордан Сибачу во петтата минута од судиското надополнување. Гигантот од Манчестер може да го има Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, Џејдон Санчо, Мејсон Гринвуд, но џабе е сè кога нема кој да ја води екипата. Оле Гунар Солскјер со измените по првиот гол потврди дека додека тој е тренер тешко дека Јунајтед ќе биде тим за големи дела. Во моментите кога му беше неопходен гол за победа, го извади Роналдо, а ги внесе Матиќ и Лингард.

Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари во Премиер лигата

Во секој случај, Вест Хем намириса крв и ќе се обиде да освои барем бод против лидерот на табелата. Повеќето премиерлигашки пресметки му припаднаа на Јунајтед, но минатите шест меча се на страната на „чеканите“ кои имаат две победи и реми. Така, реално е лондонскиот клуб да го избегне првиот пораз.