Вест Хем му понуди нов договор на Дејвид Мојс

Менаџерот на Вест Хем Јунајтед, Дејвид Мојс доби нов договор од лондонскиот клуб, објави весникот „Мирор“. Менаџментот на Вест Хем покажа задоволство од работата на Шкотот, под чие водство клубот излезе од зоната на испаѓање и сега има реални шанси за опстанок во Премиер лигата. 

Мојс во клубот од Лондон дојде во ноември 2017 година и го издигна тимот кој сега има пет бода повеќе од загрозените во зоната за испаѓање. Мојс ќе го прифати новиот договор и ќе го почне новиот проект на „чеканите“.

Пред да дојде во Лондон, Дејвид Мојс беше менаџер на Евертон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.