Вест Хем ќе брка негатива, Ајнтрахт чекира билети за Шпанија

Со победата од 2-1 во првиот натпревар, Ајнтрахт Франкфурт направи голем чекор кон финалето на Лига Европа во Севиља, иако тим како Вест Хем никогаш не треба однапред да се отпише (на крајот на краиштата, мечот во Лондон за малку ќе завршеше со реми затоа што Боувен во продолжението ја погоди гредата), Германците овде ја имаат улогата на благ фаворит. Тимот на српскиот репрезентативец Филип Костиќ на патот до полуфиналето беше поуспешен од Бетис, што не беше изненадување, а потоа и од Барселона, нешто што малкумина го очекуваа. Интересно е што во двата дуели со шпанските претставници Ајнтрахт одигра нерешено на домашен терен, а славеше како гостин. Кога на тоа ќе се додаде настапот од групната фаза - ремито со Фенербахче и Антверпен и победата над Олимпијакос - јасно ви е зошто на зборот „фаворит“ го додадовме епитетот „благ“.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем

Гостинскиот менаџер Дејвид Мојс не го криеше разочарувањето по првиот меч, признавајќи дека неговиот тим не одиграл доволно добро. Шкотланѓанецот додаде дека е потребно што поскоро да се фокусираат на претстојните предизвици, а прво беше неделното дерби со Арсенал, кое Вест Хем го загуби со ист резултат како и првата пресметка со Германците, кои со Леверкузен одиграа еден ден подоцна.

Ајнтрахт досега учествуваше во две европски финалиња: Купот на шампионите во сезоната 1959/60, кога беше првиот германски клуб во финалето на ова натпреварување, но загуби од Реал Мадрид, и Купот на УЕФА, 20 години подоцна, кога беше поуспешен од Менхенгладбах. Вест Хем има и две финалиња и еден трофеј, во истото натпреварување: Купот на победниците на куповите (во 1965 година беше подобар од Минхен 1860, а во 1976 година загуби од Андерлехт).