Вест Хем „искешира“ четириесет милиони евра за француски стопер

Управата на премиерлигашот Вест Хем реши да „искешира“ сума од четириесет милиони евра за стоперот на Ница, Жан-Клер Тодибо, кој минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Лондон. 

Тодибо остави одличен впечаток и настапи на 27 натпревари, па затоа англискиот клуб реши да реагира бргу и да го задржи во своите редови. Вест Хем ја искористи клаузулата која му дозволуваше откуп на дефанзивецот, под услов Ница не се пласира во Лигата на шампиони. 

Дваесетипетгодишниот Французин ја започна кариерата во Тулуз, а потоа беше дел од Барселона, Шалке 04 и португалската Бенфика

ФОТО/PHOTO: West Ham United

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.