ВИДЕО: Вест Хем и Лестер одиграа лудо реми, Фулам врза две победи во низа!

По големото дерби меѓу Манчестер Сити и Тотенхем (1-0), попладнево се одиграа уште четири натпревари од 35. коло на Премиер лигата, а беа постигнати осум гола, еден меч заврши во полза на гостите, додека останатите три завршија без победник. 

Највозбудливо беше во Лондон, каде на „Градскиот стадион“ фудбалерите на Вест Хем Јунајтед и Лестер Сити одиграа реми од 2-2. „Чеканите“ подобро отворија и на асистенција на Нобл, Антонио со глава биеше неодбранливо за Шмајхел за големо задоволство кај домашните фанови (1-0).

Сепак, Лестер не се предаде и преку Варди на стартот од вториот дел израмни на 1-1. Возбудувањата во Лондон продолжија во самиот финиш од мечот, откако Лукас Перез во 82. минута донесе ново водство за Вест Хем, но Барнс во 92. минута ги шокираше домаќините и ги постави конечните 2-2. 

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ донесе нови три бода за својот Фулам, откако тимот од Лондон по испаѓањето од Премиер лигата игра без притисок и го запиша вториот успех во низа. По Евертон, пред момците на Скот Паркер падна Борнмут, а Митровиќ голот вреден победа го постигна во 53. минута од пенал. 

На останатите два натпревари Вотфорд со 1-2 славеше на гости кај Хадерсфилд, додека без голови заврши мечот меѓу Вулверхемптон и Брајтон.