Вест Хем го претстави Жоао Марио, доаѓа на позајмица со право на откуп

Премиерлигашот Вест Хем денес го претстави португалскиот репрезентативец  Жоао Марио , кој во Лондон дојде на позајмица од Интер до крајот на сезоната. „Чеканите“ и Дејвид Мојс ќе имаат можност за откуп на правата на фудбалерот во јуни оваа година.

Жоао Марио тренираше со своите нови соиграчи и се очекува да дебитира на натпреварот против Виган во четвртото коло на ФА Купот.

Фудбалерот за врска за европскот првак Португалија собра 31 настап и постигна еден гол, но Лучијано Спалети воопшто не сметаше на неговите услуги во досегашниот тек на сезоната.