Вест Хем го отпушти директорот по коментарите за африканските фудбалери

Спортскиот директор во Вест Хем, Тони Хенри остана без работа, откако доби отказ од својата функција по коментарите во медиумите во кои се вели дека ги дискриминира африканските фудбалери. 

Хенри обелодени дека Вест Хем нема повеќе да купува фудбалери од Африка, затоа што создаваат проблеми во екипата. Јавноста веднаш го нападна, а раководството на клубот одлучи да му врачи отказ

„Спроведовме темелната истрага и најдовме знаци на дискриминација. Вест Хем е семејство каде сите се добредојдени, без разлика на годините, расата, религијата или сексуалната ориентација”, напиша клубот во соопштение вчера попладне.

Иако нема расистички побуди, коментарот на Тони Хенри е офанзивен и плати превисока цена за своите зборови. Вест Хем следната недела ќе го именува неговиот наследник.