ВИДЕО: Вест Хем ги намали шансите за опстанок на Фулам, Делофеу е херој на Вотфорд

Во првите два натпревари од 27. коло во Премиер лигата, фудбалерите на Вест Хем и Вотфорд запишаа победи, против Фулам, односно тимот на Кардиф Сити.

Вест Хем на домашен терен го совлада Фулам со 3-1 (2-1), иако почетокот на мечот наговестуваше тежок меч за „чеканите“. Гостите преку Рајан Бабел поведоа со 0-1 уште во третата минута, но до крајот на првиот дел Хавиер Хернандез-Чичарито и Иса Диоп погодија за целосен пресврт (2-1).

Во продолжение на мечот гостите беа тие кои се обидуваа да стигнат до израмнување, а Вест Хем чекаше шанса од контра напад да ја потврди победата. Во 78. минута извонредна шанса имаше Марко Арнаутовиќ, но Рико одлично интервенираше и го остави својот тим во игра за бодови. Домаќините продолжија со нападите, па најпрво Арнаутовиќ во 89. минута ја погоди стативата, а во 91. минута Микел Антонио ги постави конечните 3-1.

Ватфорд на гостински терен славеше сигурна победа против Кардиф од 1-5 и се искачи на седмата позиција на премиерлигашката табела. Херој на гостинскиот тим беше Жерард Делофеу, кој беше автор на три гола, а во 73. минута за гостите погоди и Трој Дини за убедливи 0-4. Почесниот погодок за Кардиф го постигна Бамба во 81. минута, а конечните 1-5 пак беа дело на Дини.