• Мартин Танасковски
Екипата на Вест Хем успеа да слави над Тотенхем во малото лондонско дерби (1-2) и така направи чекор напред кон местата кои преку Премиер лигата носат европски позиции за новата сезона.
Тотенхем го гледаа како кандидат за титула, но сето тоа го расипа во последните пет кола. Четири порази и едно реми се поразителен биланс за „петлите“, кои сега од врвот се оддалечени дури девет бода.
- Извештај од натпреварот:
И тоа Тотенхем пред својата публика загуби со пресврт. Домаќинот поведе во 11. минута со голот на Ромеро, а на самиот старт на вториот дел Боуен донесе 1-1. Пресвртот настана во 74. минута кога Вард-Проус ја смести топката зад грбот на Викарио за голем триумф на „чеканите“.
Тотенхем покрај од Вест Хем загуби и од Челзи, Вулверхемптон и Астон Вила. Ремито е со Манчестер Сити (3-3), но сето тоа паѓа во вода. Вест Хем има седум победи по 15 одиграни кола.