• Горан Упале
Екипата на Барселона по пауза од 28 години одново ќе гостува во Белград и против Црвена Звезда ќе брка нова победа во Лигата на шампионите.
Интересот за овој натпревар е огромен, а од редовите на белградскиот клуб објавија дека сите билети се продадени и каталонскиот гигант ќе биде пречекан во пеколна атмосфера.
„Вакво нешто не се случило. Стадионот е веќе распродаден. Да имавме капацитет од 150.000, сигурно сè ќе се продаваше. Билети нема со денови. Многу луѓе, особено од регионот, од Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија, сакаа да купат билети и да ја гледаат Барселона.
Тоа вешто го избегнавме, бидејќи сакавме да имаме добра енергија, добра атмосфера, да имаме што повеќе навивачи на Црвена Звезда на стадионот“, рече првиот оперативец на српскиот шампион, Звездан Терзиќ.
Барселона е моментално е еден од најдобрите тимови во светот, а тоа го покажуваат резултатите. За неколку дена им нанесоа тешки порази на Баерн и Реал Мадрид, па моментално е тим кој влева страв во коските на секој противник.