ВИДЕО: Верона се збогува со легендата Пелисиер, Сампдорија до бод кај Киево

Екипата на Сампдорија ја продолжи низата без победа во Серија А и на гостински терен ќај веќе испаднатиот Киево одигра реми без голови.

  • Збогувањето со Пелисиер:

Тимот од Џенова беше фаворит на хартија, меѓутоа не успеа да дојде до зацртаните цели. Избраниците на на Ди Карло имаа и бројчана предност едно полувреме затоа што црвен картон во 40. минута доби Барба од Киево, но немаше реализација.

Најзрелите шанси на дуелот ги имаше ветеранот Фабио Кваљарела. Напаѓачот на Сампдорија прво имаше добра можност во 42. минута, но топката профуче над пречката, а потоа, тој се закани во 71. минута арно ама Киево повторно имаше среќа. Вреди да се напомене дека „летечките магариња“ успеаја да дадат гол во 10. минута, но судијата по консултација со ВАР го поништи.

Дуелот беше во знакот на ветеранот Серџо Пелисиер, кој на 40-годишна возраст, како легенда на Киево, реши да каже збогум на фудбалот и да замине во пензија. Домашната публика го поздрави со овации напаѓачот кој долги години важеше за симбол на клубот.

Сампдорија во последното коло ќе се соочи со шампионот Јувентус на домашен терен, додека Киево ќе биде испратен во Серија Б од страна на исто така испаднатиот Фросиноне.