ВИДЕО: Верона пак остана со празни раце, Сванберг донесе нова победа за Болоња

Фудбалерите на Болоња продолжуваат со одличните партии и резултати во новата сезона на Серија А, и на затворањето на третото коло од италијанската фудбалска елита со минимални 1-0 (0-0) го совладаа составот на Верона

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Синиша Михајловиќ одлично ја отворија сезоната во калчото и по победата над Салернитана и ремито со Аталанта, се очекуваше вечерва да немаат многу проблеми со Верона. Сепак, тимот кој претрпе два порази на стартот, долго време одолеваше на налетите на домаќините, но во самиот финиш потклекна и повторно остана со празни раце.

Болоња уште од стартот наметна силно темпо на игра и „плетеше мрежа“ околу голот на гостите. Сепак, летното засилување Арнаутовиќ, Бароу и Орсолини потфрлија во офанзивата, но затоа играчот за врска Сванберг беше на висината на задачата и пружената шанса ја искористи со гол, вреден победа. Шведскиот интернационалец стрелаше во 79. минута, на асистенција на Арнаутовиќ.

Болоња со оваа победа ја дополнително ја подигна формата пред тешкиот дуел со Интер во следното коло, додека Верона прва победа ќе брка против разиграната Рома

Состави

Sinisa Mihajlovic

4-4-2

    Еузебио Ди Франческо

    4-4-2