ВИДЕО: Верона го зацрни Наполи, Милан и Јувентус патуваат во ЛШ!

Екипата на Милан забележа „златна“ победа на гостувањето кај Аталанта (0-2) и следната сезона ќе има место во Лигата на шампионите и се враќа на големата сцена.

  • Аталанта - Милан 0-2:

„Росонерите“ до посакуваните три бода дојдоа преку два пенали, едниот во првиот и вториот во второто полувреме. Двата погодока во мрежата на тимот од Бергамо ги постигна Франк Кеси и го врати Милан на местото коешто го посакуваше веќе подолго време. Ова е првпат Милан да игра во Лигата на шампионите по сезоната 2013/14.

  • Болоња - Јувентус 1-4:

Јувентус иако без Кристијано Роналдо во стартниот состав, рутински ја совлада Болоња (1-4) и беше доминантен. Домаќинот на Михајловиќ беше без никаков притисок, па уште по првото полувреме беше јасно дека го чека висок пораз. Уште во 6. минута Киеза го отвори резултатот, а потоа погодија Мората и Рабио. Во вториот дел, Мората со вториот гол стави печат на победата.

  • Наполи - Верона 1-1:

Наполи иако важеше за апсолутен фаворит, одигра реми на домашен терен со Верона (1-1) и така му го предаде местото кое води во Лигата на шампионите на Јувентус, а тимот на Елмас ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа. Косовецот Рахмани во вториот дел од првата сериозна шанса донесе предност за наполитанците во 60. минута, но радоста на домашниот тим на „Диего Армандо Марадона“ траеше само девет минути затоа што Фараони изедначи. Бункерот на гостите одолеа до крајот, па немаше трет гол. Елмас беше на клупата за резерви и таму остана до крајот.

  • Сасуоло - Лацио 2-0: 

Сасуоло на домашен терен го совлада Лацио (2-0), ама нема да игра во Европа. Киријакопулос во 10. минута и Доменико Берарди од пенал донесоа триумф, а вреди да се напомене дека првиот стрелец прерано го заврши мечот поради втор жолт картон.

  • Специја - Рома 2-2:

Натпреварот меѓу Торино и Беневенто заврши без победник (1-1), а слично беше и на натпреварот меѓу Специја и Рома (2-2) каде „волчицата“ се врати од два гола негатива кои ги стекна во првото полувреме.