ВИДЕО: Вернер не погодува секогаш - од пет метри промаши цел гол!

Фудбалерите на Челзи се во одлична серија и конечно играат како што навивачите посакуваат, а раскошниот талент доаѓа до израз на речиси секој натпревар. 

На самиот старт од гостувањето кај Рен во Лигата на шампионите „сините“ на Лампард имаа зицер, кој на неверојатен начин го промаши Тимо Вернер. Хадсон-Одои уфрли прецизна топка на петерецот, а Германецот од непосредна близина биеше над голот. 

  • Неверојатното промашување на Вернер:

Сепак, за среќа на Вернер во продолжението Хадсон-Одои донесе предност за Челзи.