• Сашо Поповски

Тимо Вернер се врати во редовите на РБ Лајпциг и веднаш постигна погодок, но неговиот тим не успеа да слави на домашниот дуел против Келн (2-2). Голема причина за ремито е бројчаната предност на гостите, кои задоволни си заминаа дома.
- РБ Лајпциг - Келн 2-2:
„Биковите“ во два наврати водеа, но на крај се помирија со само еден освоен бод. Вернер погоди од далечина, а Собосал заработи црвен картон и ги упропасти надежите на домашните навивачи. Нкунку во вториот дел донесе 2-1, но Гвардиола си постигна автогол и стана трагичар на натпреварот.
- Баер Леверкузен - Аугсбург 1-2:
Голем триумф запиша Аугсбург на гости кај Баер Леверкузен (1-2). Јенсен и Хан го изненадија фаворитот и го втурнаа во долниот дел од табелата.
- Херта - Ајнтрахт Франкфурт 1-1:
Хофенхајм во ефикасен меч освои цел плен против Бохум (3-2), Штутгарт ремизираше кај Вердер Бремен (2-2), а без победник играа Херта и Ајнтрахт Франкфурт (1-1).