ВИДЕО: Вернер ѝ се претстави на Премиер лигата со две РЕМЕК-ДЕЛА

Новото офанзивно засилување на Челзи, Тимо Вернер, ги постигна првите два погодоци во Премиер лигата.

Германскиот репрезентативец им се претстави на фановите на лондонскиот клуб со прекрасна завршница, која донесе водство против Саутемптон. Со одлична финта се ослободи од противникот, а потоа сработи колку што требаше, за да реализира во мрежата на МекКарти.

Следуваше нова акција преку која Вернер стигна и до втора реализација на овој натпревар. Овојпат си поигра со гостинскиот голман и покажа зошто е напаѓач од светска класа.

Ваквите квалитети беа причината поради која „сините“ се изборија за неговиот потпис ова лето.