ВИДЕО: Вердер со играч помалку до прва овосезонска победа во Бундеслигата

Фудбалерите на Вердер по двата реми исхода на отворањето на сезоната ја запишаа првата победа во Бундеслигата, откако на гостувањето кај Мајнц славеасо минимални 1-2, иако половина час играа со десетмина во поле.

  • Мајнц 05 - Вердер 1-2:

Марвин Дукш уште во осмата минута од пенал им донесе водство на гостите од 0-1, а кон средината на првото полувреме Сунг израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел Фридл заработи црвен картон, но тоа не ги спречи фудбалерите на Вердер да стигнат до посакуваната победа. Кох во 69. минута стрелаше за конечни 1-2 и значајни три бода за „зелено-белите“.

Во првиот денешен натпревар во Бундеслигата екипата на Аугсбург го впиша првиот овосезонски триумф, откако пред својата публика со сигурни 3-1 славеше над Сент Паули и на тој начин го остави гостинот на „нула“ по три одиграни кола во шампионатот.

  • Аугсбург - Сент Паули 3-1:

Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Водство за домашниот тим донесе Волф, на 2-0 зголеми Тиез, а конечните 3-1 ги постави Кабабај. Единствениот погодок за поразениот тим го постигна Боукхалфа за 2-1.