• Горан Упале
Екипата на Вердер Бремен освои „златни“ три бода во битката за опстанок во Бундеслигата. „Зелените“ на денешното гостување во Берлин извојуваа сигурна победа над Унион од 1-4 и побегнаа од опасната зона за испаѓање.
Голема заслуга за триумфот на гостите има и домашниот играч за врска Андраш Шафер, кој во 19. минута поради груб старт заработи директен црвен картон и својот тим го на цедило. Само една минута претходно, домаќините поведоа со голот од пенал на Дерик Кон, но потоа не можеа да се носат со играч помалку.
- Вердер - Унион Берлин 1-4:
Вердер експресно ја искористи пројчаната предност и Оливер Деман и Јенс Стаге во финишот од првиот дел погодија за водство на гостите од 1-2. Во вториот дел Марко Грули зголеми на 1-3, а во судиското надополнување конечните 1-4 ги постави Патрис Човиќ.
По 25 одиграни кола Вердер Бремен е на 13. позиција со 25 бода, додека Унион Берлин останува на 11. со 28 бода.
- Сент Паули - Ајнтрахт Франкфурт 0-0:
На првиот одигран натпревар од денешната програма во Бундеслигата екипите на Сент Паули и Ајнтрахт Франкфурт одиграа без голови.











