ВИДЕО: Вердер по два месеци конечно победи во Бундеслигата, и тоа над конкурент за ЛШ

Фудбалерите на Вердер Бремен ја извојуваа првата победа по пауза од повеќе од два месеци. Тимот кој освои само бод на последните пет натпревари во Бундеслигата денеска на својот „Вецер“ го совлада третопласираниот Штутгарт со 2-1.

Двата гола за домаќините ги постигна напаѓачот Марвин Дукш. Својот тим го доведе во водство во 28. минута кога погоди од белата точка, а четири минути подоцна ја удвои предноста на Вердер кога ја искористи идеалната асистенција на Роман Шмид.

Дениз Ундав со гол на 20 минути до крајот им ја врати надежта на гостите дека можат да дојдат до поволен резултат, но Штутгарт сепак во финишот не стигна до израмнување.

  • Извештај од натпреварот:

Со овој пораз Штутгарт останува на третата позиција на табелата, но Борусија со евентуален денешен триумф над шампионот Баер Леверкузен ќе му се доближи на само три бода. 
 

Состави

Ole Werner

3-5-2

    Sebastian Hoeness

    4-4-2