ВИДЕО: Вердер конечно победи, ВАР му поништи гол на Фрајбург

Вердер Бремен ја прекина кризата и конечно забележа триумф во Бундеслигата и тоа како гостин кај Фрајбург (0-1), во рамки на 26. коло од германската фудбалска елита.

Тимот од Бремен немаше опција и мораше да победи за да направи чекор напред во борбата за опстанок. Тоа и му успеа, а мора да се напомене дека до трите бода се дојде малку среќно, затоа што Фрајбург даде гол во финишот, арно ама интервенира ВАР.

Гостинот дојде до предност уште во 19. минута од натпреварот кога Класен го проигра Битенкурт, а тој ја смести топката во мрежата на Шволов. Фрајбург пристискаше, постигна погодок во 89. минута преку Гулде за изедначување, арно ама судијата по прегледување на ВАР-снимката оцени дека тој бил во офсајд.

На дуелот меѓу Падерборн и Хофенхајм немаше победник, затоа што заврши со резултат 1-1 (1-1). Двата гола паднаа во само пет минути во првото полувреме - отворија гостите преку Сков во 4. минута, а возврати Србени во 9. минута. Тоа беше и конечниот резултат.