Реми без голови на Вердер и Хајденхајм во првиот плеј-аут меч во Германија

Екипите на Вердер Бремен и Хајденхајм одиграа реми без голови во првиот меч од плеј-аутот за опстанок или влез во Бундеслигата (0-0). Иако домаќинот од „Везер стадиум" важеше за голем фаворит, не успеа да реализира ниту една од можностите и работата ќе мора да ја заврши на гости. Натпреварот за пласман во елитата беше тврд, со многу прекршоци, но потфрлија со шанси на двете страни.

Првото полувреме од натпреварот мина речиси без ниту една закана, бидејќи двата тима само кружеа и не беа опасни по головите, па првиот дел заврши без ниту еден удар во рамките на голот. 

Се очекуваше Вердер и Хајденхајм да се „распукаат“ во продолжението од средбата, но тие одново потфрлија. Првата посериозна можност ја имаше Милот Рашица, кој од слободен удар биеше близу до стативата. 

Најзначаен момент беше исклучувањето на столбот во одбраната на тимот од Бремен, Никлас Моисандер кој доби втор жолт картон и ќе го пропушти реваншот во Хајденхајм. До крајот на овој натпревар без многу возбудувања, на двете страни по еднаш се заканија Битенкур и Бирман, но не ги загрозија чуварите на мрежите. 

Реваншот во Хајденхајм, кој ќе го одлучи претставникот кој ќе остане во Бундес-друштвото, е закажан за 6 јули со почеток од 20:30 часот.