Вердер го продолжи договорот со Теодор Гебре Селасие

Чешкиот дефанзивац Теодор Гебре Селасие утрово го продолжи договорот со бундеслигашот Вердер Бремен. 32-годишниот Гебре Селасие ја минува својата седма сезона кај поранешниот германски шампион.

Некогашниот фудбалер на Слован Либерец зад себе има повеќе од 200 натпревари во германското првенство, а тековниот договор му истекуваше следното лето.

„Сакам да продолжам да играм за Вердер Бремен. Многу сум среќен со одлуката и верувам дека и клубот е задоволен“, рече фудбалерот на Вердер.

Сè уште не се познати деталите и времетраењето на договорот.