Вербич: Знаеме која е Македонија, има одлични индивидуалци и нема да ни биде лесно

Словенечката фудбалска репрезентација денес ќе пристигне во Скопје, каде утре ја чека дуел со избраниците на Игор Ангеловски. Во рамки од седмото коло од eвро-квалификациите двете селекции немаат право на кикс, доколку сакаат да останат во „живот“ за континенталниот собир следната година. 

Еден од најдобрите фудбалери на Матјеж Кек, Бенjамин Вербич, вели дека во овој момент во мислите им е само мечот со Македонија кој ќе го одиграат на сè или ништо.

„Со Македонија ќе играме на сè или ништо. Долго време чекавме да влеземе во ваков ритам, и сега не треба да се опуштиме. Оптимисти сме и полни со самодоверба. Во овој момент мислиме само на Македонија, иако доколку сакаме да останеме во игра за Европско првенство мораме да ги добиеме двете средби. Ќе одиме чекор по чекор и сите веруваме во успех. Познати ни се квалитетите на Македонија, знаеме какви индивидуалци има во својот состав. Во Љубљана го поделивме пленот, но лесно можеше и Македонија да дојде до трите бода“, рече Вербич. 

Дуелот меѓу Македонија и Словенија е закажан за утре од 20:45 часот, а потоа нашите момци патуваат за Варшава, каде в недела ќе се судрат со Полска. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0