Верати: Судијата Куиперс три-четири пати ни рече Е*И СЕ!

Фудбалерите на ПСЖ беа елиминирани од полуфиналето во Лигата на шампионите, откако двапати загубија од Манчестер Сити. Вчерашниот дуел во Англија беше помалку неизвесен, бидејќи „граѓаните“ ги казнија гостите со две контри, а тензијата беше на огромно ниво. 

Фудбалерот за врска на парижани, Марко Верати изнесе шокантни информации поврзани со судијата Бјорн Куиперс. Наводно, арбитрот се обраќал со недолични изјави до фудбалерите и воопшто не сакал да ги слуша. 

„Не е лесно, бевме близу до финалето и сакавме да го играме за титулата, па разочарани сме. Бевме во игра додека Ди Марија не доби црвен картон, но ни беше потребно чудо. Примивме наивни голови, па ќе се обидеме пак следната сезона.

Околу судењето... Не ми се допаѓа само кога арбитар ќе ти каже е*и се, секогаш сакам респект, а тој го кажа тоа три или четири пати. Ако јас го направев тоа, ќе добиев суспензија од десет натпревари“, изјави Верати. 

ПСЖ минатата сезона загуби во финалето од Баерн Минхен, а сега испушти шанса да се бори за нов трофеј во елитното натпреварување.