Верати се повреди во лош момент, дали ќе го пропушти ЕП?

Верати

Француските медиуми пренесуваат лоши вести за италијанската репрезентација и екипата на Пари Сен Жермен.

Марко Верати се повреди на последниот тренинг и ќе мора да прави подолга пауза. Страдаа лигаментите на играчот за врска, кој би можел да остане без настап на Европското првенство ова лето.

Повеќе за сериозноста на Верати ќе се знае во наредните неколку дена. Тестови и прегледи се закажани и од нив ќе зависи шансата Италијанецот да се врати на терените во репрезентативниот дрес.

Долг период фудбалерот на ПСЖ беше надвор од конкуренцијата. Одредени натпревари пропушти поради повреди, а остатокот од позитивен тест на коронавирус.