• Мартин Танасковски

Италијанскиот фудбалер Марко Верати врти нова страница во кариерата и ќе продолжи да игра во Катар.
Играчот од средниот ред цели 11 години играше за француски ПСЖ. Беше главен играч во средината од теренот, но дојде време за промена. Негова следна станица ќе биде катарскиот клуб Ал Араби.
Пред последниот натпревар на ПСЖ во Лига 1, Верати се збогува со навивачите. Направи и фотка со 30-те трофеи кои ги освои како „светец“ и остави длабока трага во историјата на францускиот гигант.
Во екипата на ПСЖ, Марко Верати пристигна од италијанска Пескара за сума од околу 12 милиони евра.